Грав со кисело млеко и лук (рецепт од Народен кувар 1976)
Кога го отворив куварот од 1976 да барам рецепти, тоа што ми падна во очи беше дека првата реченица за овој рецепт е:
“Поло килограма тетовског пасуља...“
Автоматски мора да го направиш, те тера патриотизмот =))
Шегата на страна. Рецептот е стар, лесен, со едноставни состојки. Кога е топло е убаво јадење, кога е оладен е како салата. Мирисот додека се пече е феноменален.
Гравот измијте го со вода, потоа ставете го да се вари.
Кога гравот е сварен, во подлабоко тавче, на оган ставете голема лажица маст или масло. Оставете нека се загрее. Додадете го црвениот пипер, малку пропржете и додадете го исцедениот грав.
Додадете го киселото млеко со истолчен лук и ставете го да се пече додека не подиспари течноста.
Печете на 200 степени. Времето на печење зависи од рерната и течност на киселото млеко.
Толку!
Според рецептот од куварот, пишуваше дека треба да зоврие водата и само првата вода да се исфрли. Јас секогаш ги фрлам првите три води по совет на една баба. Звучи како да одзема многу време, но ставам вода само колку да го покрие гравот, а тоа е малку вода и брзо зоврива.
Фотографијата е направена следниот ден, не на денот на печењето.
Пријатно јадење! :)
Лиценца: Сите права се задржани
Честитки за изборот ѕверке