Гола пица
Гола пица-ете тоа е називот за оваа пица, ред тесто ред прелив, но иако нема намирници како кај стандард пица многу е вкусно е ароматично. Подобро е со свежи зачини, но ако немате супер е и со суви.
Ги ставате во еден сад,го додавате ситно сецканиот лук и пармезан додавате масло колку да добиете хомогена смеса. Преливот го правите минимум 30мин предходно.
Се става квасецот во топла вода со малку шеќер и малку брашно и се остава 5-6мин да се запеени. Потоа се додава солта, маслото и останатото брашно и се меси меко тесто кое се дели на 2 дела. Се остава да одмори 20тина минути. Потоа со помош на рацете се тегни секое топче или со помош на сукало се сучи тркалезна кора. Се ставаат во намрсен плех и се вклучува рерната на 250степени. Се оставаат да стасаат 20тина минути. Потоа се ставаат да се печат во загреана рерна 5-6мин. Откако ќе се испечат се премачкуваат со маслиново масло и се покриваат со кујнска крпа да оладат. Над секоја кора се додава од преливот со лук и пармезан. Вкусно,меко ароматично ммммммм
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови