Гнезда со маслинки и намаз
Превкусни гнезда, кои се идеални за појадок, но и за некоја свечесност, роденден и слично.
Најпрво коцката квасец, ја ставаме во еден сад со малку од топлото млеко и мешаме додека не се раствори.
Потоа во садот кај што сме го ставиле претходно брашното, пецивото, солта,маслото и киселото млеко го додаваме квасецот, месиме со рака и постепено додаваме од млакото млеко.
Може да ви треба повеќе или помалку млеко зависно од самото брашно.
Месиме меко тесто и го оставаме да надојди. Откако ќе надојди уште еднаш го премесуваме и повторно го оставаме да нарасти.
Во меѓу време ги сецкаме на ситни парченца маслинките.
Штом тестото е стасано, правиме еднакви топчиња и го ставаме на плех кој претходно е ставена хартија за печење.
На секое топче правиме со прсти отвор и внатре прво мачкаме од намазот и горе додаваме од маслинките.
Вака ги оставаме да одстојат околу 30ина минути плус.
На крај пред да ги печеме ги премачкуваме со јајце и ги наросуваме со сусам.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 на минути.
Што заруменат ги вадиме, и до горе ги мачкаме со маргарин.
Штом се ладни спремни се ја доручек со чаша јогуртче.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови