Гауда ролат со крем сирење
Ова е уште еден успешен експеримент од мојата кујна. Декоративен и вкусен солен ролат. Прво го подготвуваме полнењето. Во сад ги соединуваме сецканите јајца, сецканата шунка, морков, сенф, бибер, сол, крем сирење. Убаво изедначуваме.
Оставаме во фрижидер на 15 минути.
Во плех ставаме хартија за печење.
Врз неа ги распоредуваме парчињата кашкавал, при тоа по малку да се преклопуваат меѓу себе.
Јас наредив 4х4 парчиња
Го ставаме плехот во загреана рерна, многу кратко, на една до две минути, колку само гаудата да омекни.
Го вадиме од рерна и заедно со хартијата и ја преместуваме на работната маса.
Сега филот рамномерно го нанесуваме врз кората од гауда.
На почетокот редиме зелени маслинки со пиперче.
Завиткуваме убаво ролат.
Го оставаме во фрижидер да се стегни.
Потоа сечеме на парчиња и послужуваме.