Рецепт кој долго го слушав, но никогаш не сум го направила.
Еве му дојде редот кога мојата комшика ми го даде рецептот.
Некој ги сака топли, некој ладни, оставам на вас, како сакате така засладете се.
Во касеролата на оган се топи маргаринот со чоколадата.
Се растопува и се остава 5 минути на страна малку да излади.
Се крши едно по едно јајце и со маталка полека се соединува смесата.
Потоа се додава шеќерот во прав и брашното. Се додаваат лажица по лажица.
Смесата се става во калапите за мафини кои претходно сме ги намастиле.
Се печат точно 5 минути, колку да фатат кора. Температурата на рерната да биде 250 степени.
Се служат со топка сладолед.

Забелешка
Во упатството за калапите за мафини од Делимано пишува дека може да се пече најмногу до 230 степени, затоа јас ги печев малку подолго од 5 мин.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови