Традиционален хрватски рецепт кој сеуште не е паднат во заборав. 
 
Тесто
- Растворете го квасецот во млакото млеко.Замесете тестото од сите состојки со омекнатиот путер или маргарин. Расукајте кора во дебелина од еден прст, ставете во тава 40х40, извлекувајки краевите по зидовите на тавата, оставете да одмори 15 мин, а за тоа време спремете филот.
Фил
- Измешајте ги сите состојки да се спојат, осолете на вкус и истурете врз кората.Свиткајте ги краевите на внатре, исечете го путерот на коцки и поставете врз филот. Ставете да се пече во веќе загреана рерна на 200 степени околу 40 мин.
Почекајте да олади и служете се, а исто така е добра оваа пита и ладна.
Напомена
- Ако сакате можете тестото да го стасате, да размесите и расуката кора и постапката понатаму иста.
- Во овој фил можете слободно да додадете и рендана исцедена тиквичка околу 200-300 гр,, а супер комбинација е ако се додадат и домашни сушени колбаси. Милина е.
- Должината на печењето зависи и од самата рерна. Јас ја печам за околу 30мин.во рерна со вклучен вентилатор.
- Ако сакате можете да го поделите тестото на два дела и да ја спремита оваа прекрасна пита во две окугли модли. Мене ми е поинтересно кога ја спремам во модлата за кростатите и тартовите.
- Лично мене ми се допаѓа целосно оладена.
- Слободно користете квалитетна урда наместо свежото сирење, но доколку истата е солена - внимавајте кога ставате сол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани