Во лето се особено популарни овие различни видови на вода збогатена со овошје, или тревки. А овој е според мене, баш вкусот на летото во чаша =)
Се приготвува многу лесно, и сигурно ќе ве натера да испиете повеќе вода.
Лубеницата се сецка ситно и се додава во водата. Еден дел може и да го изгмечите за да пушти повеќе вкус. Ставаме и едно гранче нане, и нека стои во фрижидер барем неколку часа.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови