Влашки локумчиња
Во еден подлабок сад се става млака вода, со шеќерот, квасецот и 3 лажици брашно се мешаат и се оставаат на топло да надојде. Во вангла се става брашното, содата,
солта и надојдениот квасец. Се заедно се меша и се меси да добие некоја средна цврстина на тестото. Се остава да надојде па се премесува. Се дели на три (3) дела се прави во форма на салама и се сече на 1 цм дебелина. Се растегнува на двата краеви и се пржи во врело масло.
Можат да се јадат со сирење, јогурт или кисело млеко, но добри се со слатко или џем од сливи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови