Испечати

Влашки локумчиња

Влашки локумчиња

Состојки

  • 500 гр. Брашно
  • 1кафено лажиче Сода
  • 2 кафени лажичиња Сол
  • 1/2 коцка Свеж квасец
  • 1/2 лажиче Шеќер

Подготовка

Во еден подлабок сад се става млака вода, со шеќерот, квасецот и 3 лажици брашно се мешаат и се оставаат на топло да надојде. Во вангла се става брашното, содата,
солта и надојдениот квасец. Се заедно се меша и се меси да добие некоја средна цврстина на тестото. Се остава да надојде па се премесува. Се дели на три (3) дела се прави во форма на салама и се сече на 1 цм дебелина. Се растегнува на двата краеви и се пржи во врело масло.

Можат да се јадат со сирење, јогурт или кисело млеко, но добри се со слатко или џем од сливи.