Подготовка:

1. Парчињата пилешко филе најпрво се расекуваат на половина, се чукаат со чекан од двете страни. Потоа парчето се поставува помеѓу две најлонски кеси или фолија, и повторно парчињата се исчукуваат, внимателно да не се распаднат. Се вади горната кеса, на средина од парчето се реди еден ред буџола, пршута или сланина (по ваш избор) и потоа еден ред кашкавал (јас користев ајдамер).

2. Со помош на најлонската кеса ги виткаме двата спротивни краеви од пилешкото филе, така што на тој начин полесно ќе го завиткаме филето, од едниот кон другиот крај на страните што ни останале слободни, се со цел да не ни испадне смесата од филето. Така завиткано, го покриваме со пршута или сланина и го ставаме во алуминиумска фолија,каде што ставаме малку маслиново масло, бибер и парче рузмарин и го затвораме.

3. Се печи на 30-35 минути на температура од 180 степени. Последните 5 минути се отвара фолијата, за да се потпече пилешкото филе.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови