Прво го матиме шлаг кремот според упатството. Потоа го додаваме сирењето и 2 лажици шеќер во прав. Матиме со миксер. Потоа го ставаме овој крем со сирењето во фрижидер.

На оган ставаме 400 грама боровинки, 500 милилитри вода и 3 лажици шеќер во една касерола. Откако ќе зоврие, се додаваат 2 пудинга од ванила разматени со 3 лажици шеќер и 3 лажици вода. Се остава на оганот околу 1 минута и се трга на страна да олади.
Во осум чаши на дното се ставаат исечени наполитанки од Винчини. Врз нив се додава од кремот со боровинки, врз тоа се става од кремот со сирењето.Се украсува по желба.
На здравје десертот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови