Велигденско колаче - јајце
Одлична идеја да ги соберете дечињата околу вас и да подготвите убави колачи.
Замесете не лепливо тесто од маргаринот, свинската маст, јајцето и шеќерот во прав.
Додадете ванила и цимет.
Растегнете кора од која со калапче ќе извадите фигури од јајце.
Веднаш редете ги во плех претходно обложен со хартија за печење.
Печете ги во претходно загреана рерна.
Откако ќе пожолтат, вадете ги и оставете да изладат.
Ја спремаме глазурата.
Мешаме лимонов сок, шеќер во прав и белка од јајце и правиме смеса со која подоцна ги укрсуваме велигденските колачиња.
По желба додајте прехрамбена боја и декорирајте.
Ете ви прекрасен украс на Велигденската трпеза.
Забелешка
Колачите ќе ви бидат со уште поубав вкус ако на работната маса наместо брашно попрскате какао, а потоа растегнете кора, па вадете фигури.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Три моливчиња за мене и моите ќерки. Играј,бои и воедно уживај во вкусни колачиња.