Велигденско зајче со мустаќи
Од дома ми викаат дека личат на глувчиња ама јас си ги викам зајчиња =)
Најпрво активирајте го квасецот со млакото млеко, брашното, солта и шеќерот и потоа замесете меко тесто и оставете го околу 20-30 мин. на топло.
Земете малку од тестото и обликувајте две топчиња (поголема и помала) за телото и главата, па потоа и за носот, ушите и шепите (на местото за нозете можете да ставите и по едно јајце).
Од две зрна бибер направете ги очите, а за мустаќи употребете шпагети.
Зајачињата ставете ги во сад за печење на кој претходно сте ставиле мрсна хартија и оставете го на топло уште 10-тина минути, додека да се загрее рерната.
Тестото не треба долго да стои, бидејќи ќе расте, па може да се случи зајчињата да го изгубат обликот. Затоа, почекајте само неколку минути.
Пред да го ставите да се пече, премачкајте го тестото со изматено јајце и по желба посипете со сусам. Печете на температура од 200 степени, околу 20-25 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови