Дојде ред и на велигденските калапчиња.
Еве сега е моментот да споделам посни полнети калапи за празников.
чоколадата ја топиме и ги премчкуваме калапите по стандарден начин.
Оставаме да се стврдне, а до тогаш се спрема филот.
Бисквитите се мелат на појадро.
Бадемот исто така на појадро.
Јас ставив лупени листови од бадем.
Сувите сливи ги сецкаме и тие на јадро.
Циметот го наросуваме и медот го налеваме во смесата.
Цедениот сок го употребуваме за да замесиме смеса.
Прав шеќерот го додаваме исто така и замесивме убав фил.
Вадиме калапите и ги полниме со филот, па затвараме пак со чоколада.
Повторно враќаме во ладилник.
Готови се убавите зајчиња и јајца.
Верувам дека ќе ги израдувате вашите најмили.
На здравје

Забелешка

Овие колачиња оставете ги подолго во фрижидер, ако ги подготвувате во ваков калап со форми на зајче.
Делот кај увцето е тенок и ако не е доволно замрзнато тешко се вади и доаѓа до кршење.
Во секој случај внимателно со колачите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови