1. Во сад ги ставаме сите состојки за тестото. Мешаме додека да добиеме хомогена смеса. Добиеното тесто го обликуваме во топка.
2. Тетстото го ставаме во фрижидер да се стегне.
3. Во алат за сецкање лук ставаме од смесата. Во плех обложен со хартија за печење ги правиме гнездата така што на едно место правиме купче на два пати со алатот за сецкање лук (значи на два пати го полниме за да направиме тесто за едно гнездо ). Купчето од тесто кое сме го направиле го оформуваме и на средината правиме дупче во кое подоцна ќе ставиме чоколадо.
4. Направените гнезна ги печиме 15 минути на 180 степени.
5. Чоколадото го топиме на пареа. Откако ќе се изладат гнездата во секое ставаме по едно лажиче од стопеното чоколадо и врз него ставаме по 3 бомбони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани