Велигденска пита - ордевер
Многу брзо се приготвува, а е и многу декоративна и вкусна, украс на велигденската маса. Јас ја печев во Делимано коцкаста тава, но може и во округла (24 цм).
1. 2/3 од тестото исукајте ги за долниот дел, а другата третина ќе биде за горе.
2.Тестото исукајте го малку поголемо од дното на тавата, да има тесто и по страните.
3. Ставете ја урдата, посолете ако не е солена и ставете и малку бибер.
4. Урдата прекријте ја со кулен и над него малку наросете од урдата.
5. Јајцата исечете ги на четвртини и наредете ги врз куленот. Измеѓу нив ставете превиткани парчиња кулен.
6. Преостанатото тесто тенко исукајте го, исечете го на 8 ленти, извиткајте ги и наредете ги одозгора. Краевите на питата и лентите од тесто премачкајте ги со жолчка, наросете сусам и ставете ја питата да се пече во загреана рерна на 200 степени.
7. Пред крајот на печењето извадете ја и наросете го изренданиот кашкавал на место каде нема од тестото. Вратете ја в рерна да се допече.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
И без сомнеж превкусно!