Во длабок сад додајте ги излупените банани, млекото од соја и шеќерот. Испасирајте ги со блендер или со вилушка. Потоа во садот додајте ги солта, брашното и прашокот за печиво. Мешајте со спатола додека смесата не стане хомогена. На крај додајте ги сецканите ореви и повторно промешајте. Префрлете ја смесата во калап обложено со хартија за печење. Печете го лебот во загреана рерна на 170 степени околу 40 минути.
Глазура:
Во сад за матење со жица за матење изматете ги водата и шеќеротво прав.
Испечениот леб оставете го излади неколку минути па прелијте го со глазурата.
СОВЕТ- Оревите и глазурата не се задолжителни во рецептот, можете да не ги употребите ако не сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани