Кој е за вкусни и крцкави вафли, нека повели.
Подготовка
1. Апаратот за вафли најпрво го премачкуваме со маслиново масло, со силиконска четка, па го вклучуваме да ни се загрее.
2. Ги промешуваме сувите состојки во еден сад.
3. Ја додаваме киселата вода и соединуваме со лажица.
4. Ја ставаме целата смеса на плочата поклопуваме и чекаме некоја минута да ни се испече вафлата.

Забелешка
Чашата е од 250 мл или 1 cup. Од оваа доза излегува една вафла, која мене ми е доволна за појадок. За поголеми количини зголемете си ја дозата. Кога нема да си подготвам хроно лепче вака се снаоѓам за појадок. Вафлава ја правам наутро, пред да излезам на работа, значи фоткава е направена на изгрејсонце.