Подготовка

Во сад со вода ставете го оризот да се вари на тивок оган.

Во друг сад со вода ставете го стекот исечен на мали парчиња и сецканата тиквичка да се варат. Овде додадете зачини по желба.

Во тавче со масло, ставете ги шампињоните и пржите околу 7 мин.

На крај, соединете ги оризот, стекот со тиквичката и шампињоните. Додадете малку маслиново масло и зачини по желба.

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани