Искрено, рецептов од око го правев и ми испаднаа највкусните ѓевречиња кои до сега сум ги направила. Има стотици рецепти за ѓевречиња, и ми се чини сите рецепти се одлични-особено ако се ѓевречињата варени. Особено ми беше интересно што не месев и не си ги извалкав рацете хехехее

Подготовка
Растворете го квасецот во млекото и ставете го шеќерот. Нема потреба од активирање на квасецот.

Додадете го млекото со квасецот во брашното, додадете сол и масло и почнете да го матите тестото со миксер (со маталките за тесто). Додавајте ја газираната вода полека и ако ви треба повеќе вода, додадете. Изматете убаво и кога тестото ќе се направи топка, престанете со матење, фатете го дали е меко и оставете го половина час да се накрени.

Потоа поделете го на 7-8 парчиња, оформете долгнавести форми па завиткајте ги во круг во форма на ѓеврек.

Нека зоврие водата со медот и ставајте ги ѓевречињата по околу половина минута да поварат, вадете ги со лажица со решетка и директно прпелкајте ги во сусам па редете ги на плех обложен со хартија за печење.

Печете околу половина час на 180 степени.

Овие ѓевречиња на мое изненадување и следниот ден беа мекички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови