
Варена тиква со млеко
Едноставен но за мене еден омилен десерт.
Обично  тиквата ја спремам без шеќер, но кога не  е слатка по природа,тогаш
 морам да ја зачинам.
Еве ја подготовката
Во сад налевам вода и млеко, го ставам шеќерот.
Ги додавам ванилите и циметот, а потоа ја додавам добро исчистената и измиена тиква која претходно ја  исецкав на парчиња.
Ја поклопувам со капак и ја оставам да се вари на тивко.
Се вари  пополека се додека не испари течноста од садот.
Потоа ја вадам од садот  и ја служам со  мелени ореви.
Кога ја варам без шеќер, тогаш ја зачинувам пред служење со агаве сируп.
На здравје  со овој здрав рецепт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови



















