Варена тиква со млеко
Состојки
- 700 гр тиква
- 200 гр шеќер
- 200мл млеко
- 300мл вода
- 2 паковки ванила
- 1 стапче цимет
Подготовка
Едноставен но за мене еден омилен десерт.
Обично тиквата ја спремам без шеќер, но кога не е слатка по природа,тогаш
морам да ја зачинам.
Еве ја подготовката
Во сад налевам вода и млеко, го ставам шеќерот.
Ги додавам ванилите и циметот, а потоа ја додавам добро исчистената и измиена тиква која претходно ја исецкав на парчиња.
Ја поклопувам со капак и ја оставам да се вари на тивко.
Се вари пополека се додека не испари течноста од садот.
Потоа ја вадам од садот и ја служам со мелени ореви.
Кога ја варам без шеќер, тогаш ја зачинувам пред служење со агаве сируп.
На здравје со овој здрав рецепт.