Се топат во уста........
Мастта и шеќерот во прав прво замесете ги со рака, а потоа со миксер убаво изматете ги. Додадете го јогуртот, ванилиниот шеќер и почнете повторно со рака да месите полека додавајки го брашното додека замесите цврсто тесто.
Од тестото во калапче за правење лижалки ставајте по малку и правете форми, може и на набрашнета маса да се расука кора со дебелина од 5мм и да се вадат со чаша.
На плех се редат и веднаш се печат на 170 степени 7-8 минути, да не потемнат, треба некоја многу малку румена боја да имаат.
Откако ќе се испечат се оставаат да се изладат и потоа се лепат со мармалад по вкус. Јас користев мармалад од кајсии. Се валкаат во шеќер во прав.
Многу се вкусни, а откога ќе постојат ден два се уште повкусни.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови