Испечати

Ванилици со јогурт

Ванилици со јогурт

Состојки

  • 250гр домашно несолено сало
  • 100-130гр шеќер во прав
  • 100мл јогурт
  • 500гр брашно
  • 2 ванили
  • Шеќер во прав по потреба
  • мармалад за лепење на ванилиците по вкус и потреба

Подготовка

Подготовка:

1. Во вангличка ги ставме салото и шеќерот во прав и матиме 5 минути со миксер, односно салото треба да стане пенасто. Ги додаваме јогуртот и ванилите и повторно соединуваме со миксер. Сега го додаваме просеаното брашно и месиме со рака. Ќе добиеме мазно, нелепливо тесто.
2. Тестото го делиме на 2 топки. Од секоја топка сучиме коричка и со помош на модлички, по наш избор вадиме ванилици. Ги редиме во ненамастен плех.
3. Ги печeме во загреана рерна на 190 с, околу 10-13 минути. Внимаваме да останат бели. Ги оставаме во плехот 5 минути да подизладат.
4. Потоа ги лепиме две со две, со мармалада по вкус или ги оставаме самостојно.
Нежно ги посипуваме со шеќер во прав и ги послужуваме овие исклучително кревки ванилици.