- Излупете тиква, исчистете ја од семките и исечете на коцки во приближна големина од 0,5 см. Излупете го лукот и ситно исецкајте. Измијте го рузмаринот, потсушете и ситно исецкајте го. Измијте и руколата и доколку средишниот раб е подебел - тргнете го (ова бидејки тој дел е доста тврд), грубо исечете доколку се поголеми листовите- спротивно нека останат цели.

- Во нелеплива тава загревајте 2,5 лажици масло, додадете во неа тиквата и половина од лукот - пржете 3-4 мин. Додадете го рузмаринот, оцетот, водата, осолете и залинете со биберот на вкус, додадете ги ситно сецканите чили пиперчиња (доколку немате ставете слободно лут буковец)- сето ова пржете заедно околу 1 мин. Тргнете тавата од огнот, додадете го сувиот мариниран домат оставете да олади малку.
- Остатокот од лукот и маслиновото масло измешајте ги и премачкајте ги сите лепчиња, ставете да се потпечат во веке загреана рерна на 220 степени.Печете околу 5 мин., извадете и распределете на топлите лепчиња од веке спреманата мешавина со тиквата, а врз неа ставете од руколата. Посипете со рендан или тенко исечен пармезан.
На здравје,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани