Брокула со лук и сос
Подравкин рецепт, одличен е, за време на постите ви предлагам вакво нешто да спремите...
1. Брокулата исчистете ја, измијте и разделете на помали цветчиња
2. Бланширајте ја кратко во зовриена посолена вода во која сте ставиле 2 лажици зејтин.
3. Извадете ја и веднаш треба да ја ставите во ладна вода за да ја задржи бојата. Оставете да се исцеди.
4. Во тавка загрејте го преостанатиот зејтин, додадете ја брокулата, посипете ја со смесата од сув мешан зачин и кратко пропржете ја.
5. Во водата растворете го нишестето, додајте го ѓумбирот, промешајте и додајте во брокулата. Тавката малку протресете ја, нека се за кратко време (една минутка) проврие, додадете го исечканиот лук - проценете сами - ако е потребно додајте уште сосема малку вода. Не треба да е многу густо, туку да е во густина на сос.
Забелешка
- Јас ја ставив заедно со компирот и морковот да се вари на пареа.
Послужување
Брокулата можете да ја послужите и со варена или печена риба.
Лиценца: Сите права се задржани