Брз ролат
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Белките се делт од жолчките. Белките се матат со прстофт сол додека се добие мек снег. Се додава врелата вода, жолчките и шеќерот. Се мати околу 2 мин додека се стопи шеќерот и има пенаста структура. Се додава брашното и пецивото се меша со лажица да нема грутчиња од брашното.
Смесата сипете ја во плех од рерна (30х40 цм.) обложен со хартија.
Ставете го да се пече, намалете ја температурата на 180 степени.
Печете 15-20 мин додека добие бледа кафенаста боја.
Извадете го и уште жежок полека завиткајте ролат, оставете да остини 10 мин.
Одвиткајте го од хартијата и рамномерно насекаде намачкајте на секаде од мармаладот.
Полека завиткајте ролат благо притискајќи.
Посипете го со прав шеќер, оставете го уште 5 мин. за убаво да се залепи ролатот на страните.
Сечете парчиња по желба.
Ролатот можете да го направите во помал плех за да ви биде подебел или поголем за да ви биде потенок и да има повеќе ролано.
Ролатот подобро се сече кога е отстоен една вечер во фрижидер.
Ролатот е многу вкусен, што веднаш би направиле дупла доза...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови