29
мар
2015
Брз нутела колач од 2 состојки
Брз и едноставен колач,кој е многу вкусен и сочен. Се матат јајцата 6-7 минути додека убаво не се изматат, се додава растопена и изладена нутела и повторно се мати но на најмала брзина. Се става во намрсен калап со маргарин, се печи во загреана рерна на 180степени 20минути. Се остава потполно да се излади и се сечи на парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
правевме масовно цело друштво нешто слично на ова, ама мислам дека имаше и чоколадо за готвење. треба да го побарам рецептот. беше спреми за 5 мин, испечи и плачи три дена за гревот што си изел пола тавче директ од централа :) :) :) :)