Брз колач со банани (без печење)
Во литар млеко сварете ги пудинзите со 9 лажици шеќер.
Промешајте добро па додадете го путерот кој претходно сте го исецкале на помали парчиња.
Ставете 3 до 4 лажици грчки јогурт или павлака.Кој не сака може да се изостави.
Нека се растопи.Вака спремната смеса тргнете ја од оган.
Во друг сад со рака искршете 300 грама бисквити.
Додадете ги во пудингот и добро промешајте.
Тавата во која ќе го редите десертот нека е премачкана со останатиот путер.
Половина од смесата со пудинг истурете ја во тавата и со шпатула израмнете подеднакво.
Бананите ги лупиме и сечеме по должина. Ги редиме врз смесата рамномерно.
Ја полеваме и останатата половина од пудингот.
Израмнуваме и оставаме да се лади.
Кога е изладено го премачкуваме со матен шлаг крем или слатка павлака.
Оставаме пак да се излади се комплет па со влажен нож вадиме коцки.
Некави е слатко со овој префинет вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови