Брз колач од сливи
Подгответе ги најпрво трошките од тесто. Систе состојки ставете ги во длабок сад и изматете ги со миксер. Не треба многу да се мати, само додека да се спојат состојките.
Сливите измијте ги, прасечете ги на половина и извадете им ги семките. Сечете ги на четвртинки или на кришки. Вклучета ја рерната да се загрева на 180 степени. Калап со пречник од 26см. премачкајте го со путер или зејтин.
За подлогата од тесто ставете ги сите состојки во длабок сад и почнете да матите со миксер со најниска брзина додека се спојат состојките. Вклучете го сега на највисоката брзина и матете две минути.
Ставете го тестото во калапот и убаво измазнете го. Одозгора наредете ги сливите со пресечената страна нагоре. Врз нив нанесете ги трошките од тесто и ставете да се пече 50 минути на 200степени или во зависност од рерната.
Кога се испекло, оставете го колачот во калапот потполно да се излади па потоа тргнете го обрачот и послужете. По желба може да го наросите одозгора со шеќер во прав и да служите во комбинација со изматена слатка павлака.