26
окт
2019
Брз едноставен ролат
Многу вкусен, брз и лесен за подготовка е ролатов. Се прави многу брзо, а уште побрзо се јаде. Јајцата и шеќерот убаво се матат, се додава брашното и ренданото чоколадо. Смесата се става во плех со димензии 20 на 30 сантиметри. Се пече околу 10 минути во загреана рерна на 200 степени. Топлиот ролат се завиткува во влажна крпа и се остава да се олади. Двата вида чоколадо се топат на пареа. Ролатот се мачка прво со мармалад од портокали, па со чоколадото и се наросува со мелени ореви. Се витка и се послужува....