Овој рецепт е од мојата 10 годишна ќерка, најверојатно го има видено на тик ток и ме замоли да и дозволам да го проба. Секако се согласив, но бев скептик дека ќе бидат убави колачињата. Првиот пат заедно ги направивме.
Колачињата се прекрасни, па од тогаш редовно си ги правиме дома. Меки во внатрешноста со мала коричка од надворешноста, буквално се топат в уста.
Во рецептот оригинално нема сода или прашок за пециво, јас му додадов сметајќи дека се поубави и повеќе нараснуваат на тој начин.

Подготовка:

1. Измешајте го јајцето со вилушка и додадете го кремот. Мешајте убаво. Откако ќе се изедначи смесата, додавајте брашно лажица по лажица. Додадете ја и содата. Треба да се добие смеса како за меко тесто со густина да можите да откинете парче од тестото за да формирате топче. Работете со дланките.
2. Потоа на плех обложен со хартија за печење редете ги топчињата. Ќе добиете околу 12 колачи од оваа доза. Печете во загреана рерна на 180 степени 8 - 10 минути, не повеќе, оти ќе ги исушите.
Оставете ги да се оладат малку после печење, па потоа навалете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови