
Брза торта без печење (посно)
Рецептот за тортата излезе сосема случајно. Кога во посни денови ви е потребен десерт, овој рецепт може да се искористи бидејќи е брзо, посно и вкусно.
Најпрво ви е потребен сад во кој ќе ја правите тортата, јас искористив сад со пречник 22 сантиметри и висина 10 сантиметри. Го обложуваме садот со најлонска стреч фолија, бисквитите ги потопуваме во соино млеко и го обложуваме садот со бисквити и странично и дното. Бисквитите кои ќе останат се кршат на покрупни парчиња.
Во соиното млеко ги мешаме пудингот и шеќерот и го ставаме на оган. Матиме постојано додека да се згусне пудингот. Го тргаме на страна и го додаваме маргаринот и чоколадата. Мешаме заедно и во пудингот ги додаваме бисквитите и сечените лешници. Смесата ја сипуваме врз наредените бисквити. Ја оставаме сосема да олади,ја ставаме врз чинија, ја тргаме стреч фолијат и по желба ја украсуваме со изматена слатка павлака од растително потекло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови