23
апр
2020
Брза пица со сланина, кромид и брокула
Оваа пица ја подготвив на брзина со состојките кои ги имав дома.
Додека приготвував некои други рецепти, го замесив ова парче тесто.
Од сите состојки го замесив ова тесто и веднаш го истегнав на хартија.
Го растегнав со сукалка. Го полеав со доматно пире, па го наредив кругови кромид. Брокулата ја раскинав на китчиња и ја распрскав низ површината на тестото.
Парчињата коцки сланина ја распрскав на секаде и скршив едно јајце. Веднаш ја ставив да се пече. Пицата беше крцкава и многу тенка. Малку необична по вкус заради тестото зашто досега никогаш не сум сукала тесто.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови