4
мар
2020
Брза пита со печурки и козјо сирење (со готови кори)
Подготовката е брза и лесна.
1. Во еден сад го ставаме млекото, зејтинот, пецивото и брашното. Убаво промешуваме.
2. Во друг подлабок сад, ги матиме јајцата, павлаката, исецканите печурки и сирењето.
3. Во намрсено тавче, ставаме една кора и ја премачкуваме со подготвената смеса за премачкување. Истата постапка е и со втората кора. На третата кора, ставаме од филот. Понатаму, редоследот е ист, се до последната кора. Последната кора, исто така се премачкува убаво, за да биде мека и одозгора.
4. Печиме на 250 степени околу 10 минути
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани