Босанска пица
Кога е домашно е највкусно, барем за моите најблиски. А кога се работи за пица тогаш сум најсаканата личност, пицата им е фаворит.Идејата за пица со суџук ја даде мојот најстар син кој сака да експериментира со храната како и јас. Излезе дека идејата е одлично изреализирана ...
Подготовка
Го замесуваме тестото од сите состојки и го оставаме да се дуплира, да стаса. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на највисока температура. Кога ќе стаса го делиме на два дела и расукуваме кори во големина на тавче за средна пица. Тавчето го набрашнуваме и во него го ставаме тестото. Премачкуваме со кечап, сечканите печурки ги распоредуваме, рендаме обилно кашкавал и на крајот ги редиме круговите сечкан суџук. Наросуваме оригано. Печеме на најниската решетка што ја имаме во рерна, да ни се стопи кашкавалот и да ни нарасне тестото, околу 6-7 мин. Потоа ја префрламе на дното кратко или околу 1-2 мин. за да ни се потпече малку долу, ама внимаваме да не ни загори.
Забелешка
Од мерките за мастраф повеќе или помалку ќе искористите, сепак се работи за вкус. Ние пиците многу ги сакаме кога ни се премачкани со ајвар, се работи за веќе испробан и докажан вкус и рецепт. Доколку сакате може да пробате така, а ако сте навикнати и го сакате вкусот на кечап , правете си ја по вкус. Имам специјални тави за пица па печењето во нив е совршено, а вие во каква имате во таква ќе си печете, само внимавајте да не ви излезат многу дебели тестата т.е. пиците. Расукувањето го правиме нежно за да ни остане воздушесто тестото, што значи откако тестото ќе стаса не го размесуваме туку само земаме од него формираме нежно топка и со сукало или со раце правиме круг.