Подготовка 
Бананите се лупат, се ставаат во сад и убаво се пасираат со вилушка.
Маргаринот се мати пенесто во друг длабок сад и постепено во него се додава шеќерот во прав. Смесата повторно убаво се мати со миксер додека да стане хомогена. Потоа се додаваат мелените бисквити и мелените ореви и на крајот се додаваат пасираните банани. Смесата се меша со лажица, ако има потреба се става да отстои во фрижидер за малку да се стегни и се прават бомбици со големина на орев, кои може да се прелијат со чоколадо, да се валкаат во кокос и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови