Божикна мисирка
Да им се придружам на тимот од Мои рецепти и со мојата божикна мисирка.
Ја миеме добро мисирката, ја сушиме со кујнска хартија. Потоа ставаме зачини, сол, бибер, зачинот за пилешко, неколку капки маслиново масло. Добро да се протрие цела мисирка. Путерот малку растопен на собна температура, полека внимателно го ставаме под кожата на мисирката. Ја ставаме во релна да се печи, и после 15 минути ставаме растворена коцка супа, со која ќе ја поливаме одозгора одвреме на време.
Печеме на пониска температура околу два сати, во зависност од килажата на мисирката, притоа ги покриваме со фолија некои делови од мисирката како крилцата кои полесно и побрзо горат, ако е потребно и цела мисирка.Одвреме на време се полива со течноста во тавата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови