Божиќни елки со арома на портокал
Во длабок сад ставете ги состојките за тестото и изматете го со спиралните маталки од миксерот. Кога ќе се спојат состојките замесете го кратко тестото колку да оформите топка од него. Доколку малку се лепи на рацете, завиткајте го во прозирна фолија и оставете го во фрижидер околу половина час.
Работната површина набрашнете ја и расвлечете го тестото во кора со дебелина од 4-5мм. Вадете форми на елки и редете во плех на хартија за печење. Печете ги 12 минути на 175° во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат извадете ги на решетка и оставете убаво да се оладат.
За глазурата, просејте го шеќерот во прав додадете го сокот од портокал и прехрамбената боја. Мешајте со лажичка додека да добиете мазна, густа и кремаста смеса. Ставете ја смесата во една кесичка за замрзнување, отсечете го ќошот сосема малку колку да направите мал отвор и украсете ги елките. Одозгора ставете го и шеќерниот декор.
Елките може да бидат и бели (доколку не сакате да ставате прехрамбена боја). Во тој случај сокот од портокал заменете го со вода и додадете неколку капки арома на протокал.
Лиценца: Сите права се задржани