Подготовка:

1. Во длабок сад на оган, на средна температура, го ставаме путерот исечен на коцки. Ги додаваме кафеавиот шеќер и медот, мешаме со метална жица за матење, додека не се стопат состојките.

2. Садот го тргаме од оган, ги додаваме ѓумбирот и циметот, промешуваме. Ги додаваме брашното од просо, гризот и овесните снегулки. Мешаме со лажица и оставаме да се излади 20тина минути. Од смесата формираме топчиња, кои малку ги притискаме со дланката.

3. Бисквитите ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 170 степени, 10 минути, зависно од рерната.

*Забелешки

• Доколку користите бело брашно или некој друг вид на брашно почнете со 40 грама брашно, па постепено додавајте, колку ќе има потреба, затоа што секое брашно различно го прима путерот
• Зависно од рерната, бисквитите проверете ги после 8 минути и прилагодете го времето на печење, треба да поруменат, но внимавајте да не изгорат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани