За роденденот на мојата мајка се одлучив за оваа богата торта. Беше направена со многу љубов и беше вистинско уживање да се вкуси. Роденденот помина ама мемориите околу славеничката торта ќе ги задржиме овде на Моирецепти!

Подготовка
1.Белките почнуваме да ги матиме и постепено го дадаваме шеќерот и ванилиниот шеќер. Матиме со миксерот до цврста пена, како снег.
2. Го додаваме пецивото, брашното и оревите и мешаме полека и внимателно со шпатула да се изедначи смесата ама да не се спласне.
3. На намрсена хартија за печење во тава со големина на Ростер Делициа тавата ја ставаме смесата и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10-12 минути. Така правиме со трите кори.
4. За филот ставаме литар млеко заедно со 10 лажици шеќер да почне да врие.
5. Жолчките ги матиме со остатокот од млекото и шеќерот, а го додаваме и брашното.
6. Откако млекото ќе зоврие постепено ја додаваме смесата со жолчките. Мешаме додека да се згусне кремот, а тоа се некаде околу 15 минути на тивок оган. Кремот го ставаме добро да олади.
7. Путерот кој ни беше оставен на собна температура пенасто го матиме со шеќерот во прав. Откако кремот ќе биде сосема изладен го соединуваме со путерот. Овој путер крем го делиме на три дела.
8. Во едниот дел ставаме растопено и малку оладено чоколадо, во другиот кокосово брашно, а во третиот дел мелени ореви.
9. Редиме кора-фил од ореви, кора- фил од кокос, кора- фил од чоколадо. Украсуваме по желба и вкус.

Уживајте во превкуснава, богата торта!

Забелешка
Рецептов ми е од мојата драга колешка Јасмина, само што јас малку го изменив, зошто ми требаше поголема торта.