Блага плетенка со три вида мармалад (милиброд)
Квасецот, млекото, малку брашно и шеќер се замесуваат во посебен сад. Се додаваат јајцата, зејтинот и остатокот од брашното. Тестото се меси околу 10 минути и се остава да нарасне. Откако ќе нарасне се прави кора со дебелина на бисквит и се премачкува со мармалад. По вкус може да додадете и суво грозје или други суви плодови кои ги сакате. Тестото се дели на три дела кој се расукуваат во форма на ролат, кои се премачкуваат со мармалади.
Од ролатите се прави плетенка којасе става во тавче обложено со мрсна хартија. Потоа се премачкува со жолчка од јајце и се остава пак да нарасне. Милибродот се пече околу 40 минути на температура од 200 степени. Откако ќе се испече се остава 10тина минути да отстои, а потоа се сервира. По избор, Откако ќе го исечете на парчиња, можете да му додадете и шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани