10
ное
2014
Бифтек со компири во кајмак
Ги лупиме компирите и ги сечеме на половина по должина и ги вариме 10-15мин. Потоа ги ставаме во тава за печење, ги зачинуваме со сол,бибер и мешан сув зачин, додаваме малку масло и ги печеме во рерна 30 мин на 220 степени.
Секое парче бифтек го сечеме на половина и го отвараме. Го пржиме на путер по 5 до 7 мин од секоја страна или зависно од тоа како го сакате. Зачинуваме со сол и бибер.
Во посебен сад го матиме кајмакот со 50 гр путер и мајчина душичка. Од оваа смеса ставаме врз печените компири.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови