2
фев
2016
Бисквит штанглички
Брза едноставна бисквит штангличка која може да се оформи како ролат, штанглички или да се стави во калап по желба.
На тивок оган се мешаат шеќерот, млекото и жолчките. Се загрева додека се растопи шеќерот и додека смесата зоврие. Се додава и чоколадата, какаото и маргаринот се растопува целата смеса и се трга настрана да подизлади.
Бисквитите се кршат и се ставаат во смесата, се додаваат оревите убаво се меша да се соедини и се истура во калап.Може да се свитка и како ролат со помош на најлонска фолија и се остава 2-3 часа да се олади. Ако ви се брза ставете во замрзивач. Погодно за брза припрема, за ненајавени гости или најдобро за своја душа.
Лиценца: Сите права се задржани