Бисквитна торта со карамел прелив ( без печење)
Исклучително брза, вкусна декоративна, непечена торта. Во една касерола ги ставаме млекото, шеќерот, какото. Оставаме на тивок оган да провријаат 1-2 минути, односно да се соединат. Тргаме од оган и го додаваме путерот. Промешуваме и изедначуваме. Ги додаваме лимон шеќерот и мелените ореви. Соединуваме. На даска за колачи ставме еден ред бисквити. Јас воопшто не ги потопувам во млеко, бидејќи се многу кревки. До колку користите други бисквити на кратко потопете ги во ладно млеко. Врз бисквитите нанесуваме од млакиот фил. Повторно бисквити, па фил... додека се истрошат состојките. Оставаме во фрижидер на еден час. Сега го подготвуваме карамел преливот. Во една касерола на оган го растопуваме шеќерот, на тивок оган и внимаваме да не изгори. Во друга касерола во сад над пареа го растопуваме белото чоколадо. Во трета касерола ја оставаме слатката павлака да се загрее до точка на вриење. Кога е загреана павлаката ја тргаме од оган , го додаваме путерот и мешаме енергично да се соедини. Потоа тука го додаваме растопеното бело чоколадо и енергично мешаме. Сега тука го додаваме растопениот шеќер и постојано мешаме. Може да се појават мали грутчиња, па затоа повторно соединети така сите состојки ги враќаме на многу тивок оган до нивно изедначување. Оставаме 5 минути малку да се подизлади, па ја прелеваме тортата.
Нека се излади, па сечеме на убави парчиња, кај мене на триаголници. Послужуваме и уживаме.