10
мар
2022
Бел сос за шпагети
Подготовка:
1. Шпагетите сварете ги, исцедете ги и запржете ги со малку путер.
2. На малку масло, ставете ја ситно исечканата сланина. Нека се потпржи убаво и додајте ги исечканите кромитчиња. Пржете две-три минути, додајте го брашното, кратко запржете го и ставете го млекото. Мешајте додека не се згусти.
3. Тргнете го тенџерето настрана, додајте го крем сирењето, павлаката, ренданото бело сирење, зачинете со бибер и малку сув зачин и вратете го на огнот. Мешајте додека се не се спои, кратко нека поврие и сосот е готов за служење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови