
Бело тоблероне во корпи
Подготовка:
1. Шеќерот со водата и маргаринот да зовријат и варат 3 мин. на умерен оган.
2. Се трга од оган и одма се додава млекото во прав и се миксира со веќе спремниот миксер. Го спуштаме во течноста, пред да го сипеме млекото и одма миксираме, за да нема грутчиња. Потоа се додава лешникот и убаво се соединува.
3.Наместо во триаголен калап обложен со најлонска фолија, јас го излевав во хартиени корпи.Се остава убаво да се излади и стегни на ладно место, не во фрижидер. Значи стојат да се сушат на воздух, додека лесно можеме да ја одлепиме хартијата од колачето, тогаш е готово.
И после сладете се!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови