1
апр
2014
Бело месо во сос од 4 вида сирење
Белото месо исечете го на ленти.
Од секое парче извадете по 3 ленти.
Зачинете го по желба со сол и мешан зачин.
Во еден сад ставете ја неутралната павлака, прашокот од 4 вида сирење и водата и промешајте да се соединат.
Во стаклен сад со капак во поголемиот дел ставте дел од сместата, па парчиња бело месо па повторете ја постапката со сите ред смеса ред бело месо до крај и на крај додајте ја преостанатата смеса и поклопете со капакот.
Ставте да се печи на загреана рерна од 200С околу 1-30 до 2-00 часа додека да забележите дека бело месо на површината малку вцрвенало. Откако ќе ја извадете од рерна оставте 15-20мин да отстои покриено со капакот па сервирајте. Добар апетит...
Лиценца: Сите права се задржани
ubavo i ova