За овој рецепт, нема да пишам точни мерки за тоа што се се прави отприлика.
Ќе запишам што се е потребно и што се' ставив во него.
Овде оди мешано овошје, зависи што имате или што сакате.
Јас измешав киселкасто овошје, рибизли, малини, јагода, праска, кајсија, а додадов и малку диња, така да ми смени вкус.
Исецкани на парчиња колку вие сакате, додајте ги во чашите во кои ќе служите.
Дополнете со вино, онолку колку има овошје. Покријте го само.
Виното поможност да е ладно.
Врз овошјето спуштете една топка сладолед. Јас ставив ванила.
Потоа декорирајте со слатка павлака, шлаг и овошје по вкус.
Освежете се со оваа малку поинаква сангрија.
Нека е на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови