Во длабок сад ги ставаме солта, шеќерот, зејтинот и оцетот. Убаво вријат.
Ги додаваме пиперките малку по малку во садот и превртуваш. Оставаме да зовријат и ги вадиме, па повторно други ставаме во садот во кој врие смесата.
Откако сите пиперки ќе зовријат ги оставаме да истинат, а исто така и течноста во која ги баревме пиперките да истине.
Потоа се редат во тегли и се полеваат со ладната смеса. Ги притиснуваме со нешто тешко. Ако не стаса смесата со која треба да се полеат, се додава оцет.
Овие барени пиперчиња се редовни во мојот дом. Пробајте ги, па кажете ......
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови